Едно време кога ќе ми затребаше шеќер или зејтин чаша знаев да побарам од комшиката. Дојде време и кога се поздрвуваме да не се погледнуваме во очи, „Добр ден“, „Здраво“ со глават надолу.Сите се нерасположени, кој со кого не збори, поради банални причини.

Порано сме оставале клуч кај соседите да ни вадат цвеќиња, сме причувувале дечиња...Имало добрина, имало компромис и разбирање меѓу луѓето. Заеднички се чистело, се кречело за влезот да личи на нешто.

А, денес каков дефект да се случи во зградата први не посегнувате никогаш да се јавите за да го санираме. Демек, ако си молчиме и се правиме наудрени, ќе се реши сам од себе, ќе помине. Ѓубре и стари апарати на секој кат.Со убаво ќе ве замоли некој да го тргнете бидејќи е тесно и тешко се поминува, а вие навредени од молбата почнуваате да се браните правеќи кавга. Тоа е и за мое и за ваше добро.Ама ајде оди па разбери се...И она што ни остана го уништуваме, најдобро е да се доиспокараме и да се замразиме уште малку повеќе.

Повеќето луѓе немате основна култура и поим што значи да се живее во заедница. Ако на некој нетшо му пречи, слободно момже да отидет и да си изгради куќа, па да си бидете мирни.