Комшија каде е гратисот: Нема да ти бидам муштерија, се додека не се научиш кусур да ми вратиш

Не знам зошто ама локалниве маалски продавнички си имаат обичај да си качуваат цени и по 10 денари на некои производи, кога има некоја акција за некој пијалок кој промотивно се продава по 70 денари во продавничкиве го продаваат по 100 денари, кога има гратис со некој производ обично другиот дел го нема, а селотејпот со испишано „ГРАТИС“ им стои.

Се чуствувам непријатно како муштерија кога ќе влезам и нема да добијам повратен одговор на мојот поздрав:  Добар ден. Па чекај малку влегувам во твојата продавница, пазарам, однесувај се малку по ведро господине, се гледа дека уста не ти се отвара.

Пробувам пак културно ве молам една кутија цигари вадам стотче, цигарите чинат 85 денари, добивам кусур 10 денари, во принцип немам проблем да оставам  5, 10 денари некогаш и повеќе, но овој пат ме фати инает и му реков комшија извини 5 денари фалат, ја крена главата и мртво ладно ми рече, еј нема ситно помини после кога ќе дојде жена ми на смена да ти ги даде.

Се насмевнав и му реков комшија ти ги оставам, за да те расположат за следниот муштерија кога ќе влезе барем со насмевка да го дочекаш и да му речеш Добар ден, Повелете...Поздрав.