Комши-капиџик: Си зајмевме масло, малку кафе, денес не знам кој живее до мене

Едно време кога ќе ми затребаше шеќер или зејтин чаша знаев да побарам од комшиката. Дојде време и кога се поздрвуваме да не се погледнуваме во очи, „Добр ден“, „Здраво“ со глават надолу.Сите се нерасположени, кој со кого не збори, поради банални причини.

-Ееее тоа беа времиња, кога одевне на одмор клучот од куќата го остававне кај комшиите, истото и тие го правеа, тоа беше јака доверба, се кречеше, се переше теписи, се правеше зимница се заедно со смеење, нажалост сега ништо од тоа нема ни ронка, вели Наташа од Ченто.

-Ние сме здружна улица, секој во било кое време да му тропне на врата на соседот ќе му помогне останало од старите, а ние тоа го почитуваме и продолжуваме, вели Марија од село Марино.

- Денес каков дефект да се случи во зградата први не посегнувате никогаш да се јавите за да го санираме. Демек, ако си молчиме и се правиме наудрени, ќе се реши сам од себе, ќе помине. Ѓубре и стари апарати на секој кат.Со убаво ќе ве замоли некој да го тргнете бидејќи е тесно и тешко се поминува, а вие навредени од молбата почнуваате да се браните правеќи кавга. Тоа е и за мое и за ваше добро.Ама ајде оди па разбери се...И она што ни остана го уништуваме, најдобро е да се доиспокараме и да се замразиме уште малку повеќе, вели Васко од Кисела Вода.

-Живема преку триесет години во Капиштец да ви кажам изминативе десет години, не ги ни познавам соседите кои се до мене. Порано некој ќе завонесе да ти побара нешто да ти дојде на кафе денес сите со наведнати глави поминуваат, вели Раде.