Најпознатите композиции на култниот состав „Рејдиохед“ вечерва (30 ноември) од 20 часот ќе бидат изведени во Филхармонија. Проектот под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ ќе понуди уникатна содржина – џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група, група која од своето постоење до денес изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот и донесе прогресивен, иновативен, моќен звук.
„Џез-аранжманите на нивните композиции ќе бидат уникатна фузија меѓу различните музички правци, и тоа за првпат ќе биде претставено на македонската музичка сцена.
И овој пат, зад диригентскиот пулт со Биг-Бендот на ЗЏМ, ќе застане врвниот Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од неговите досегашни фантастични настапи со овој ансамбл“, соопштува Здружение на џез музичари и слободни уметници, организаторот на настанот.
Според Здружението, цез-аранжманите на нивните композиции ќе бидат уникатна фузија меѓу различните музички правци, и тоа за првпат ќе биде претставено на македонската музичка сцена.