Комплименти кои ќе го освојат срцето на секој маж

Зрела и искрена љубов подразбира поддршка и почитување. Личноста која вистински ве сака, ќе сака да бидете подобри, но не така што ќе ве менува и нема да ве прифати такви какви што сте, туку ќе сака да ве поддржи, да ви помогне и да ве мотивира да го искористите својот потенцијал. На сите нас некогаш ни се потребни зборови за охрабрување, комплименти кои ни кажуваат дека сме на добар пат и дека така треба да продолжиме.

Заблуда е дека мажите не сакаат да слушаат зборови за поддршка, нежност и љубов, а едно психолошко истражување врз испитаници од машкиот пол открива кои зборови го освојуваат срцето и ја греат душата на секој маж.

„Се чувствувам сигурно во твоја близина“. - Тоа е нешто што ми одговара и ми покажува дека е свесна за тоа дека сакам да и бидам потпора.

„Мојата жена често вели дека е горда на мене. Понекогаш за тоа каков татко сум, на мојот успех на работа, или само каков маж сум. Тоа ми годи и има големо влијание врз мене“.

„Среќна сум што си во мојот живот“. - Убаво е да се слушне од саканата личност ваква изјава на љубов.

„Сакам кога ќе ми каже дека изгледам убаво, тоа ми дава самодоверба“.

„Благодарам“. – Кога ќе направам нешто за неа, а таа ќе ми се заблагодари. Чувството дека правам нешто добро и дека таа тоа го цени е прекрасно. Кога ќе каже „фала“ дури и за најбанални секојдневни работи, за мене е прекрасно чувство.

„Мило ми е што си овде“. – Една ваква изјава прави да се чувствувам неверојатно.

„Она што ми треба си ти“. – За мене ова е навистина важно, затоа што денес сите очекуваат нешто од вас – помош, пари, совет. А оваа изјава покажува дека сме си потребни еден на друг и ништо повеќе.

„Сакам кога ќе ги примети позитивните промени кај мене. Тоа ме охрабрува да продолжам и понатаму да се трудам.“

„Одлично ти оди“. – Ова е од голема помош и делува смирувачки. Сакам да знам дали ме поддржува и дали верува дека можам да ги исполнам своите цели.

Слични комплименти можат да се даваат обострано затоа што партнерот сака од вас да слушне дека го сакате, дека го охрабрувате и дека сте секогаш тука за него, како и тој за вас. Во врските често се доаѓа до една рутина и мислиме дека сѐ е кажано и дека нема потреба да зборуваме или да изразуваме чувства со зборови. Не очекувајте да ви ги читаат мислите, потсетете се еден со друг колку е прекрасно тоа што сте заедно.