Комплетно се реконструира улицата „Речиште“ во Драчево

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информира дека започнала комплетната реконструкција на улицата „Речиште“ во Драчево.

Според објавата, проектот опфаќа реконструкција на улицата заедно со сите нејзини споредни краци, во вкупна должина од 3,4 километри.

„Овој проект го реализираме благодарение на заедничката посветеност со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, преку кои беа обезбедени средствата за оваа намена“, наведува Стаменкоска Трајкоска.

Таа посочува дека целта е преку фазна реализација да се обезбеди сигурна и модерна сообраќајна поврзаност, како и подобри услови за живот за жителите на Драчево и на целата општина.

Од Општина Кисела Вода додаваат дека продолжуваат со инвестиции во патната инфраструктура и урбаниот развој.