Комплетна реконструкција на три занимални во градинката Кочо Рацин, клон Бели Мугри

Општина Центар започна со комплетна реконструкција на три занимални за деца од најмала возраст (јасли) во градинката Кочо Рацин, клон Бели Мугри.

Како што информираат од општина Центар, во трите занимални со најсовремени материјали се реконструираат ѕидовите и таваните и се поставува нов паркет, а старите и дотраени врати и прозорци се заменети со нови и поквалитетни. По реконструкцијата на капацитетите, градинката ќе може да прими до 70 дечиња во новите јасли.

Од општина Центар најавија реконструкции и во градинките Раде Јовчевски Корчагин и 13-ти Ноември.