Компир, ориз, леб и пашетата да јадат - Македонците револтирани од менито во Влада

Револтот кај Македонците расте. По пандемијата, економска и енергетска криза, но очигледно кризата не ги допира подеднакво сите.

По написите во дел од медиумите дека Владата набавува морски плодови за 20.000 евра, минатата недела премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека ќе се забрани набавката и користењето на морска храна, бадеми и лешници во рестораните и бифеата на СОЗР.

Од коментарите на социјалните мрежи може да се забележи колку граѓаните се револтирани од привилегиите кои ги уживаат големиот број владини претставници, додека народот е соочен со високи цени и борба за опастанок секој ден.

Ова се размислувањата на Македонците:

-Мислам дека треба да се укинат и сите привилегии на директори, министри и луѓето околу нив, кои имаат службени коли, шофери и картички за репрезентација…

-Компир, ориз, паштета, леб и вода. Тоа треба да има во бифето, затоа што тоа јаде огромен дел од народот. Можеби тогаш ќе им текне да работат.

-Е жално, па како ќе им функционира тоа мозочето без витамини од морските плодови и бадемчињата.

-Набавени се веќе нема потреба да се набавуваат. Додека помине кризава кој ќе ги контролира што јадат и што пијат.

-Ќе штеделе сега кога пари снемаа и државата 70% во кредит ја задолжија.

-А пак зошто и до сега јаделе, каде и на кое работно место се јадат тие луксузи, или дека се од сиромашниотнарод. Слободно нека си ги купуваат сами, може да си дозволат со оглед на примањата.

-Светците у влада нека свртат на леб и сол за да ги личи пред тв екраните кога проповедаат за доброто на народот. -Народ не може ни да помисли за морски плодови, некој го напуштил овој свет и не знаел за морски плодови

-Вие кркајте и ни кафето не си го плаќате, а работникот мора се сам да си купува.