Компанијата Волт Дизни го обнови договорот со Македонски Телеком

Disney Channel и Disney Junior се воведуваат преку Македонски Телеком, најголемиот оператор во Македонија. Како дел од новиот договор меѓу компанијата Волт Дизни и Македонски Телеком, од март 2023 година исто така ќе бидат достапни и: National Geographic on Demand и myBabyTV.

Компанијата Волт Дизни и Македонски Телеком ја продолжуваат успешната долгорочна соработка. Освен светски познатите забавни канали како Fox, Fox Life, Fox Crime, Fox Movies и каналите: National Geographic, Nat Geo Wild, 24KITCHEN и Baby TV, коишто се присутни на локалниот пазар долги години, отсега за корисниците на MaxTV, Magenta TV и MaxTV Go ќе бидат достапни и семејните канали: Disney Junior и Disney Channel.

„Линеарните канали се еден од клучните бизниси за Дизни во Централна и Источна Европа. Посветени сме да одржиме успешна соработка со локалните партнери и на локалната публика да ù донесеме одлична содржина и најдобра забава. Со обновениот договор со Македонски Телеком, гледачите во Македонија ќе продолжат да уживаат во нашите фактографски и забавни канали, но ќе имаат пристап и до приказни и ликови коишто ги сакаат цели семејства преку новововедените Disney Channel и Disney Junior“, изјави Ирина Тотова, Потпретседател и Генерален директор на Дизни за балканскиот регион.

„Задоволството на корисниците е нашиот поттик и посветени сме да им овозможиме најдобра понуда на канали. Ја продолжуваме успешната соработка со Дизни, којашто ги збогатува содржините на најдобрата телевизија MaxTV. Новите канали Disney Channel и Disney Junior ќе донесат забава и заеднички моменти за целото семејство.“ – изјави Иван Брзовски, Раководител на Службата за управување со содржини на Македонски Телеком.

Disney Channel е наменет за деца на возраст од 6 до 12 години и нуди одлични приказни со музика, пријателство и забава. Програмата на каналот содржи популарни емисии како што се: „Чудесно: Приказни за бубамарата и мачката Ноар“, „Амфибија“ и многу повеќе. Содржините на Disney Channel поддржуваат вредности коишто им помагаат на децата да се соочат со предизвиците на растењето, ги охрабруваат да веруваат во себе, да ги исполнуваат соништата и да поминуваат време со семејството и пријателите.

Disney Junior ги носи децата од предучилишна возраст и нивните родители во магичен свет на забава и имагинација со ликови коишто децата длабоко ги сакаат, со емисии како: „PJ Маски“, „Спајди и неговите неверојатни пријатели“, „Забавната куќа на Мики Маус“, „Блуи“ и многу повеќе. Содржината на Disney Junior се фокусира на емотивно раскажување приказни и креирање мили и љубезни ликови со кои децата се поврзуваат и коишто се одобрени од родителите. Каналот нуди содржини во согласност со очекувањата на децата.