Компанија со комбиња без лиценци превезувала патници низ Скопје и организирала тури до Попова шапка

По вонреден надзор, инспекторатот на Град Скопје изрече казна за компанијата „Ројал Травел“ и за истата фирма ќе биде поднесена пријава до надлежните институции.

Станува збор за компанијата за која Телма веќе пишуваше дека комбиња без лиценци превзуваат патници од Раше до Бит Пазар а за викенд возат и тури со деца до Попова Шапка.

Градските инспектори извршиле надзор на  три автобуси и две комбиња, при што е утврдено се вршел превоз на патници без притоа да има соодветни лиценци.

„Фирмата” Ројал Травел ДООЕЛ” под која што е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите што беа пласирани во медиумите, станува збор за лица и возила поврзани со “Беса Транс”, на која фирма и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува“, се наведува во соопштението на Град Скопје.