Комитите испратија последен поздрав до Саздо (ГАЛЕРИЈА)

Последен поздрав за Никола Саздовси Саздо испратија членовите на навивачката група Комити, во која членуваше и 21-годишниот навивач, претепан до смрт пред десетина дена, а вчера им подлегна на поивредите.

Комитите се собраа пред западната трибина, а потоа со поворка се упатија пред Собранието на Република Македонија. Комитите, но и граѓани кои сочувствуваат со тагата на семејството, запалија свеќи за помен, а потоа заминаа во селото Ракотинци, каде што денеска ќе биде погребан Саздовски.

Фото: Република