„Комити“ за последен пат се простија од Саздо: Последен поздрав брату, Почивај во мир! (видео)

Вчера околу 13 часот на гробиштата во село Ракотинци беше погребан 21- годишниот Никола Саздовски- Саздо.

Момчето кое беше претепано на автобуска постројка во Автокоманда а по 10 дена во кома почина во понеделникот.

Беше член на навивачката група Комити, кои вчера за последен пат му искажаа почит и со навивачки песни, бакљи и знамиња, го испратија во вечното почивалиште.

На социјалните мрежи се појави и емотивно видео од последното збогување на „Комитите“ .