Навивачката група „Комити“ соопшти дека донела одлука да ги бојкотира натпреварите на Вардар, сè до заминувањето на актуелната управа на клубот, предводена од Миленко Неделковски.

Одлуката доаѓа по лошиот старт на сезоната и резултатите што дополнително го зголемија незадоволството кон клубот.
„Комити“ преку соопштение до јавноста ги образложија причините за својата одлука и најавија дека нема да го поддржуваат тимот од трибините сè додека актуелното раководство е на чело на Вардар.