Комити Скопје повикуваат на голем протестен марш во чест на Никола Саздовски - Саздо

Утре на плоштадот во Автокоманда, во 19.30 часот започнува протестниот марш во чест на Никола Саздовски - Саздо. Комити Скопје ги покануваат сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во еден мирен и достоинствен марш да се дигне гласот против неправдата.

Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе бидат запалени свеќи во чест на Никола Саздовски - Саздо.

Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело, се вели во поканата од Комитите.