Комити попладнево излегоа со став по вчерашните нереди пред Собранието - oд навивачката група повикуваат на улица

Навивачката група Комити попладнево излезе со став по вчерашните нереди пред Собранието. Од навивачката група повикуваат на улица.

Вчера, за нас, ништо ново, но за многу наши браќа и сестри, прв контакт со агресијата на полицијата. Со години ви зборувавме дека не третираат како граѓани од втор ред, бидејќи се деклариравме како родољуби (се однесува на дел од групите, останатите се партиски измети). Да ве потсетиме, ние не ви го посакувавме, "да ви се деси Куманово", како некои други, туку напротив, сочувствувавме со вас, бидејќи Македонија изгуби синови, во борба против терористи! Не заборавајте, тргате кон народот кој сака да се избори за достоинство, за подобар живот на сите, за нашите идни генерации да се чувствуваат горди. Ако сакате да бидете запишани во историјата, како гробари на Македонија, слободно продолжете, но ќе се соочите со народот не само на улица, туку и во приватниот живот.

Коските ни кршат и крвта ни пијат,а ние смели сме, гордо умираме, не се предаваме!!!

П.С: драги наши партии или ќе излезете со народот на улица или ќе изгорите во заборавот!!!