Комисијата за заразни болести препорача наставата и во второто полугодие да се одвива со физичко присуство

Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи. 

Оваа одлука беше донесена денеска на состанокот на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваше министерот за здравство, д-р Беким Сали, а беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со Ковид–19 во земјава.