Комисијата за заразни болести бара детските градинки и училиштата да се затворат во наредните две недели

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги заоструваат мерките и бараат сите детски градинки, основни, средни и високообразовни институции да запрат со настава, осносно во наредните 14 дена да не работат.

Исто така, се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, како и сите културни и спортски настани. Во соопштението уште се наведува и повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз.

Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.