Комисија од Министерство за здравство: Нема индикација за болничко лекување на Кочан

Осудениот во случајот „Труст“, Сеад Кочан, нема индикација за болничко лекување, информира за МИА Министерството за здравство.

– На барање на Кривичниот суд, ние инициравме и Комисија ја ревидираше медицинската документација на приватната болница за пациентот. Од стручниот увид во медицинската документација беше утврдено дека пациентот нема апсолутна индикација за болничко лекување – велат од Министерството.

Доцна синоќа Кочан беше спроведен во затворот „Идризово“ откако претходно, Судот му го отфрли како  недозволено барањето за одлагање на затворската казна.