Комерцијални паноа „никнуваат“ во Ѓорче Петров, општината молчи за кршењето на законот

На неколку локации во општината Ѓорче Петров во изминатиот период беа поставени рекламни паноа на кои пак осамнаа платени реклами. Од општината не знаат кој и зошто ги поставува овие паноа, за кои согласно законските прописи таа  треба да ги контролрира и да наплати концесија.

Скопје Инфо во неколку наврати се обрати до општината, од каде прво не препратија во Градот Скопје за одговор, но откако им беше укажано дека тоа е во нивна надлежност, не успеја  да дадат одговор на прашањата кој и зошто ги поставува рекламните билборди и дали општината ќе преземе нешто за нивно отстранување.

Од градската администрација во однос на ова прашање информираа дека тие се надлежни за контрола на билбордите кои се поставуваат на централните – градски улици, додека за локалните патишта налдежноста е на градот Скопје.

Во конкретниот случај се поставува прашањето дали општинската администрација свесно дозволува да се крши законот со незаконското поставување рекламни паноа на нејзината територија?