Комерцијална банка го претстави новиот дрес на македонските фудбалери

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска доби нови дресови, а Комерцијална банка како горд поддржувач на македонските фудбалери ексклузивно и со огромно задоволство ви го претставува новиот дрес за нови победи.

- Нова пролет и ново сонце изгреа на градите на нашите фудбалери, објави Комерцијална банка при промоцијата на новиот дрес на македонските фудбалери.

Македонија првиот меч со новиот дрес ќе го одигра на 23 март од 20.45 часот на Националната Арена во Скопје, а противник на фудбалерите ќе им биде репрезентацијата на Малта во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Македонските фудбалери се наоѓаат во групата Ц во квалификациите заедно со Англија, Италија, Малта и Украина.