Колони возила и гужва во центарот на Скопје поради реконструкција на убиство (ФОТО)

На Ѕидот на сообраќајниот срам се појави фотографија на која се гледа огромна гужва и редици автомобили кај хотелот Континентал.

Избегнувајте го овој дел од градот ако седнувате во кола денеска, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Според информациите на терен во моментов се врши најавената реконструкција за убиството на 20 годишниот Никола Саздовски на самото место кај автобуската постројка во Автокоманда во присуство на сведоците и вештите лица.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.