Колони автомобили за влез во Грција - се чека над еден час

Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути. На „Табановце“, пак, се чека од 15 до 30 минути, соопшти АМСМ.

Граничната полициска и царинската служба на граничниот премин „Богородица“ брзо ги извршува своите обврски и не дозволуваат подолго задржување на излез од земјава, изјавија за МИА од дежурната служба на ГП „Богородица“.

Од таму велат дека колоните возила за разлика од вчера, денеска се подолги, меѓутоа во функција се ставени пет ленти и преминувањето на границата се одвива брзо.

Меѓутоа евидентен е застојот на спротивната страна од границата каде се чека најмалку еден час за влез во Грција.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор – slobodnaevropa.mk