Колку време велигденските јајца остануваат добри за јадење?

За Велигден вариме поголема количина јајца од вообичаено, што значи дека сварени подолго време ќе стојат на трпеза или во фрижидер. 

Јајцата се продукт кој лесно се расипува и може да предизвика сериозни здравствени проблеми, па околу празниците често се прашуваме до кога всушност можеме да ги јадеме велигденските јајца и дали има иадржана причина да вапсуваме огромни количини, знаејќи колку лесно се расипливи. 

Имајте предвид дека кога се соодветно чувани, односно во фрижидер, сварени јајца може да траат најмногу пет денови, што значи дека оние кои сте ги свариле и вапсале во четврток, уште само денеска се добри за јадење. Оние кои избираат да ги бојосаат јајцата во петок, имаат уште два дена за консумирање. 

Сигурно не би сакале да ги фрлате овие мали ремек дела во кои вложивте многу труд, па овие денови посветете се на рецепти кои ги содржат варените јајца како главна состојка и побрзо ќе ги изедете. 

Доколку сте офарбале преголема количина, научете на годинашното искуство и догодина употребете помалку јајца.