Колку време им е потребно на Јарците да се заљубат?

Ако сте заљубени во еден Јарец,  а уште не знаете каде се движи врската, астрологијата е тука за да помогне.

Јарците се најтешки за да ги прочитате. Тие често се сериозни, насочени кон работата и имаат многу приоритети кои ги ставаат пред љубовта. Во врските не се претерано романтични или посветени, но тоа не е затоа што не ве сакаат, туку тоа е едноставно дел од нивниот карактер. Всушност, Јарците многу тешко ги изразуваат емоциите.

Често можат да се однесуваат топло-ладно и да ве натераат да се запрашате како вистински се чувствуваат за вас. Ако се заљубени, ќе направат нешта кои ретко би можеле да ги видите од нив. Но, тие не се премногу јавни за своите чувства и за нив интимата и приватноста се најважни. Ако се заљубат, а понекогаш им треба време за тоа, ќе ја видите нивната смисла за хумор, нивната топла страна и љубезност. Тие имаат огромно срце, но не го покажуваат тоа секому.

Ако ве сакаат, ќе го знаете тоа. Иако можеби не ја покажуваат љубовта на најконвенционалниот начин, штом ги научите каква личност се, ќе знаете дека сте сакани. 

Како и сите други работи во животот, Јарците ја сметаат љубовта за нешто многу сериозно. Тие се многу трпеливи во врската, но често знаат да одат и чекор по чекор откривајќи ви слоеви од себе, за кои многу луѓе би немале трпение. Но, треба да знаете дека Јарците не губат време на половична љубов, тие не бараат некого само за да не се сами, бидејќи тоа не е опција за нив. Ако се со вас, тоа значи дека почнувате да им значите. Но, морате да покажете трпение. 

За да ги освоите, треба да сте искрени и директни, некој кој не игра игри и да сте личност со силни вредности. 

Тие не се заљубуваат лесно. Копнеат и ја прифаќаат само вистинската љубов и за нив не е важен само физичкиот изглед, туку и многу други аспекти поврзани со карактерот. Но, штом го освоите нивното срце, тие нема така лесно да си заминат. 

Кога ќе ви го дадат своето срце, тие планираат долго да останат со вас. Засекогаш!