Колку училиштата и училниците ќе бидат безбедни за децата?

Наставниците сакаат да се вратат во училиниците. Од СОНК велат дека нема подобро решение од настава со физичко присуство, но останува отворено прашањето како да се изведе тоа во услови на пандемија, а да се заштитат и децата и наставниците. Синдикатот од неодамна е вклучен во подготовките за старт на школската година. Заедно со МОН и со Комисијата за заразни болести се на став дека во училиштата каде што има малку деца, школската година ќе почне со децата во училниците. Таму каде што има повеќе деца, наставата ќе се организира во смени. Но, најголем проблем се училиштата каде и сега заради големиот број ученици имаше сменско работење.

Најкритични, според СОНК, се најмалите ученици за кои всушност е и најважно да се вратат во училиште. Нивните наставниците ќе имаат дополнителна обврска за спроведување на протоколите.

На три недели пред 01 септември, земјава се уште нема решение за следната школска година. Според најавите, идната недела ќе се знае кои деца и на кој начин ќе се вратат во училишните клупи, а кои ќе седат дома и ќе учат преку компјутер.