Колку убави работи пропуштаме во животот!

Една студена сабота, на станица на метро во Вашингтон, дошол еден човек и почнал да свири виолина. Околу 45 минути го свирел Бах и тоа во време кога имало најмногу гужва во градот. Тој сметал дека многу луѓе ќе пројдат низ таа станица, повеќето од нив одејќи на работа.

Еден средновечен човек го забавил својот чекор додека одел покрај него, но продолжил по својот пат. По една минута, виолината го добила својот прв долар, некоја жена само оставила долар и си продолжила понатаму. По неколку минути, некој млад човек застанал со намера да го слуша, но погледнал во часовникот и си продолжил по патот.

Најмногу внимание му посветило едно тригодишно дете. Неговата мајка му велела да побрза, не допуштајќи му да се задржува. Детето продолжило да оди, постојано вртејќи се кон виолинистот. Сите родители и сите деца, без исклучок, се однесувале исто.

Во 45 минути свирење, само шест луѓе застанале да слушаат. Околу 20 луѓе му дале пари, продолжувајќи да одат со истата брзина. Собрал 32 долари.

Никој не забележал кога престанал да свири. Никој не аплаудирал, ниту некој му дал признание или внимание. Никој не знаел дека тоа бил виолинистот Џошуа Бел, еден од најдобрите музичари на светот. Тој свирел некои од најубавите дела некогаш напишани. Свирел на виолина вредна 3.5 милиони долари.

Два дена пред својата изведба во метрото, сите карти за концертот на Џошуа Бел во Бостон биле распродадени и во просек чинеле околу 100 долари. Овој експеримент го организирал „Вашингтон пост“, сакајќи да ја истражи општествената перцепција и приоритетите на луѓето.

„Дали ќе ја забележиме убавината?“

Дали сме во состојба да препознаеме талент во неочекуван контекст? Ако немаме време да го слушаме еден од најдобрите музичари во светот кој ја свири најубава музика некогаш напишана, се прашуваме колку други прекрасни работи пропуштаме во животот?