Колку трае имунитетот по прележан ковид-19?

Лицата кои прележале ковид-19 имаат пократкотраен имунитет споредено со вакцинираните, па поради тоа, постои шанса да се заразат повторно. Знаејќи дека веќе има доста случаи на второ и трето заразување, повеќе од јасно е дека овој имунитет не е траен. Имунитетот од вакцината исто не е траен, но е подолг од оној на прележаните. 

Со други зборови, природниот имунитет не штити доволно и во секое сценарио потребна е вакцина. Резултатите од истражувањето сугерираат дека просечниот ризик од реинфекција се зголемува од околу 5 отсто веќе четири месеци по првичната инфекција, а се намалува и до 50 отсто по 17 месеци, односно година до две од првиот пат кога сме го прележале коронавирусот.

Врз основа на досегашните сознанија, доколку би се воспоставила контрола врз пандемијата, таа може да премине во сезонска епидемија, како и грипот, но уште е премногу рано да се претпоставува што би се случувало. За тоа е потребно и прележаните и вакцинираните, но и непрележаните и невакцинираните да ги почитуваат мерките на претпазливост, за да се спречи масовно ширење и нови бранови и мутации на вирусот.