Колку странец може да ја сака Македонија: Несекојдневна случка на Македонец во Мајами

Македонец кој живее во Мајами на твитер ја раскажа приказната за непланираната средба со таксистот кој учи македонскиот јазик и кој е заљубен во македонската ракија и во нашата земја.

Средбата започнала случајно брзајќи накај работа, а информацијата ја дознал кога слушнал македонска песна на радио.

„Знаеш ли колку време со девојка ми сме опседнати со македонскиот јазик. Имавме другари кои беа дојдени од Македонија, додека студиравме и многу се дружевме со нив. Откога си заминаа почнавме да учиме македонски јазик - најмногу од youtube,a и со помош на пријателите од таму“ - раскажувал таксистот.

Понатаму вели дека во план им е за скоро да ја посетат Македонија.  Забушант  e името на надимакот на твитерџијата кој сеуште не може да поверува на приказната која ја слушнал, а вие во целост може да ја прочитате тука.