Колку се важни јаглехидратите во нашата исхрана?

Кога помислуваме на диета, прво решение кое ни доаѓа на памет е исфрлање на јаглехидратите од исхраната. Она кое треба да го запомниме е дека не сите јаглехидрати се непријатели на нашето здравје. 

Напротив, доколку целосно ги исфрлите, ризикувате да го нарушите своето здравје целосно. 

Меѓутоа, имајте на ум дека наглото исфрлање на одредени видови храна од секојдневната исхрана воопшто не е здраво, напротив, може да биде и доста штетно. Јаглехидратите се важни, бидејќи тие даваат енергија на вашето тело. Особено не смеете да се откажете од нив доколку редовно спортувате. Секогаш е подобро да јадете леб, тестенини, ориз или компири, наместо да ги замените со индустриските диетални производи. 

На друг начин кажано, обидете се во исхраната да ги задржите и доматите и леблебијата и боранијата, односно сите природни извори на таканаречените добри јаглехидрати. Тие производи, меѓу другото, содржат и важни хранливи состојки и минерали, нешто што индустриски преработените шеќери го немаат. На сметка на тоа, имаат големи количини рафиниран шеќер и засладувачи, кои се далеку полош избор отколку порција тестенини. 

Сепак, најдобро би било овие оброци да ги испланирате за појадок или ран ручек, за да може полесно да се испроцесираат јаглехидратите во нашето тело.