Колку се отпорни на земјотрес зградите во Скопје?

Зем­јо­тре­си­те не ги уби­ва­ат лу­ѓе­то, ту­ку згра­ди­те – е поз­на­та ре­че­ни­ца ко­ја мно­гу че­сто ја ка­жу­ва­ат екс­пер­ти­те што се за­ни­ма­ва­ат со зем­јо­трес­но ин­же­нерс­тво.

Колку македонските граѓани можат да се чуствуваат безбедни во градбите изградени во бурниот период на транзиција во која сите сфери на општеството минаа или се уште се во фаза на длабока криза. Урбанизмот не е исклучок од негативните трендови. Многу луѓе се скептични дека се почитувале сите стандарди во градежништвото и дека не се штедело токму на прописите кои се однесуваaт на статиката на градбите.

Странските гласила заинтересирано известуваа за земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 во кој загинаа над 1000 луѓе.

Експертите велат дека причината за тоа што во скопскиот земјотрес паднале толку многу објекти е што претходно не постоеле соодветни правила за градба. 

Во Македонија оттогаш се гради многу, и иако имало неколку други земјотреси, не се урнале, ниту пак мало жалби за повисоките згради.

Но, со транзицијата се јавија многу мали фирми кои градат индивидуални објекти. Па дали сите се безбедни и дали некој се осмелува да ги изигра строгите прописи?

Експерти од Асоцијацијата на архитекти на Македонија сметаат дека законите во земјава предвидуваат строги стандарди за безбедност при градење, но оти од друга страна не може да се гарантира безбедноста на дивоградбите, кои не се во мал процент.

Законите во земјава пропишуваат строги стандарди за сеизмичка заштита при градење, но во Македонија постои значителен процент на изградени објекти вон законскиот систем на градење, односно таканаречните дивоградби, а постојат и можности за малверзации, велат експерти, коментирајќи ги стандардите за градење во земјава за заштита од природни катастрофи.

Македонија, особено главниот град Скопје, во последниве години се соочува со градежна експанзија, каде што секојдневно никнуваат многу згради на мала површина и затоа се отвора прашањето колку се внимава на сеизмичката заштита.