Колку помалку зборуваш, толку повеќе вредиш

Има причина поради која постои народната изрека „Молчењето е злато“. Понекогаш човек се вплеткува во своите зборови, зборува, зборува како навиен, како некој да мери колку зборови ќе каже во секунда, го кажува и она што треба и она што не треба, мрда со рацете за дополнително доживување на она што го кажува, се труди да убеди, забавува или да објасни нешто. И знае дека не треба, знае дека треба да сопре, но и натаму продолжува да зборува. 

Па кога ќе остане сам со себе, уморен од сопствените зборови, исцрпен и истрошен, си ветувам дека нема повеќе да прави така, дека во иднина ќе зборува мирно и достоинствено, дека нема толку да се открива, дека нема да биде главен забавувач во друштво, лут на себеси што одново го прави она што не му одговара и поради кое подоцна се кае. 

Молчењето е злато, а зборовите се моќно оружје, особено кога паметно се употребуваат. Во спротивно, тие имаат моќ да го повредат оној кој највеќе ги користи.