„Колку пати се случило да понижиш некој затоа што се противел на мислењето на родителот?“ - емотивна твитер-нишка која отвора тешки прашања

Колку и да е Твитер место на сарказам, политички препукувања и шеги, некогаш некои твитови нè тераат длабоко да размислиме и да ја препознаеме суштината на кажаното. 

Поради делумната анонимност која оваа социјална мрежа ја нуди, корисниците често чувствуваат доволно слобода пред група непознати следбеници да го споделат она што ги мачи, па дури и да добијат разбирање и поддршка кои не би ги добиле ако се отворат пред некој близок. 

Така и со оваа нишка која ја забележавме:

 

„Комплексите од родителите наметнати како кочница за успех во врската со партнерот. Е толку е балканштината канцерогена, среќата и изборите да ти ги раководи родителот затоа што тој некаде у процесот заебал, останал сам или имал потреба емоционално да те цеди за да биде супериорен.

Потребата да ти ја цица твојата економска и емоционална стабилност затоа што тој некаде закочил или не му стига тоа што го има па сега го бара од тебе дека ти си должен да го даваш. Да правиш работи затоа што тој е постар и ти мора да слушаш иако се косат со твоите избори и среќи.

И еден ден испливуваат тие вистини од нечии усни дека стегите од нив те натерале на погрешни избори и грешки кои доведиле до колапс. Ама ти уште се тешиш со тоа дека тебе родителот не би ти згрешил, не би те форсирал и се што изјавуваш константно е "не го мислеше на тој начин".

Колку пати се случило да понижиш некој затоа што се противел на мислењето на родителот? Си велиш тоа е мој родител никогаш не би згрешил, секој друг не е во право. Додека да трепнеш се наоѓаш на погрешната страна само затоа што имаш развиено вроден одбранбен механизам кон родител.

И така дечки, губите партнери, емоции, пријатели затоа што одбранбен механизам имаме само кон крвните врски најблиските а не сметаме дека со тоа штетиме кон останатите. 
Некогаш ќе разработам и балкански едипов синдорм ама до тогаш не бидете емоциопијци.
Малку Ted talk, фала“