Колку оружје имаат македонските граѓани?

Граѓаните во Македонија легално поседуваат 180.000 парчиња оружје, но проценките се дека нелегално поседуваат двојно повеќе.

Според статистиката на МВР, расте интересот за издавање на дозволи за оружје, па така лани во просек дневно се издавале по 16 дозволи, а оваа година по 17.

Професорот Златко Димовски за „Сител“ вели дека се потрени повеќе акции на полицијата за пронаоѓање на нелегалното оружје кое претставува висок ризик.

-Гледаме многу инциденти со оружја кај нас. Пукање од возила имавме во изминатиот период, убивање на одредени лица, мафијашки пресметки и слично. Тоа покажува дека има големи количин на нелегално оружје, кажа професорот Димовски за „Сител“.