Колку Месечината навистина влијае на нашето расположение?

Постојат луѓе кои кога ќе им надојде нервоза, несоница и чувствителност, за тоа го обвинуваат влијанието на Месечината. Колку тоа има смисла за вас?

Дејството на полната Месечина се врзува за плимата, но и со порастот на стапката на самоубиства, депресија, лутење  и бес, па дури и нерационално однесување. За езотеричарите, Месечината е тешка, мрачна и врзана со соочување на нашата мрачна страна.  Астролозите имаат слично размислување.

Научниците се скептични кон сфаќањето за тоа и генерално не се согласуваат со тоа дека Месечината на било каков начин влијае на физичките и психичките промени кај луѓето. Сепак, астролозите прашуваат: Ако, полната месечина влијае на плимата со толкава количина вода на планетата, како не би влијаела на човечкиот организам кој во најголема мера е составен од вода?  Дополнително на тоа, ако чувствуваме телесна плима, зошто не би можеле да почувствуваме и психолошка?

Во истражувањето во кое биле вклучени 2000 луѓе кои имаат проблеми со менталната рамнотежа, за време на полната Месечина не е забележан пораст на нивните симптоми и проблеми во однос на останатите денови, додека пак истражувањето во кое биле вклучени 1000 луѓе кои немаат проблеми со менталното здравје, било воочено дека за време на полната Месечина, тие пријавуваат тешкотии и лошо расположено. Заклучокот од ова истражување посочува на тоа дека ако влијанието на Месечината постои, тоа е мало и статистички занемарливо, поради што науката не може сериозно да се занимава со тоа.

Она што е докажано, од научна перспектива е тоа дека во периодот на полна Месечина, времето на спиење кај луѓето се намалува за 20 минути во просек, а дека се потребни повеќе од 5 минути од вообичаената рутина за да се опуштиме и заспиеме. Исто така, докажано е дека квалитетот на сон е понизок, сонот се прекинува и почесто се будиме, па во тој период чувствуваме поголем замор и раздразливост.