Колку и да сте повредени, никогаш не се откажувајте од љубовта

Да се биде заљубен е интересна авантура. Понекогаш среќаваме личност со која ни е убаво и се чувствуваме среќно и полетно, а некогаш тоа завршува со скршено срце и болка.

Успешните врски бараат многу работи, а се чини дека со модерната љубов, не сме подготвени да вложуваме премногу напор како што го правеле тоа нашите дедовци, баби и родители. Што и да се случи, никогаш не треба да се откажуваме од љубовта.

Учиме важни лекции

Дури и кога љубовта ќе заврши лошо, така можеме да научиме важни лекции за себе и за другите луѓе. Наместо да ја гледате завршената врска како потрошено време, размислете што сте научиле од тоа. Можеби сте научиле како да сакате, како да се отворите, а ако врската била токсична, можеби пак учите дека сте посилни отколку што мислите. 

Ништо не е случајно

Често велиме дека сосема случајно сме запознале некоја личност, но секоја од тие личности има некаква улога во нашиот живот. Треба да знаеме дека иако можеби се чувствуваме тажно и очајно по раскинувањето, дека можеби за една година од сега ќе се смееме на тоа или пак дека токму тогаш ќе ја сретнеме љубовта на нашиот живот. 

Не се сите луѓе загуба

Тешко е да се заврши една врска, но не се сите луѓе совршени за нас и не се сите некоја голема загуба која мислиме дека не можеме да ја надминеме. Тие се тука во овој момент, а можеби кога ќе си заминат оставаат место за некој подобар. Никогаш не можеме да го знаеме тоа, можеме само да оставиме времето да го направи своето и да ни ја покаже вистината.

Заслужувате вистинска љубов

Не прифаќајте некоја љубов само поради тоа што сте осамени, ако не ви одговара таа личност. Вистината љубов е лесна и смирена, а не токсична и манипулативна. Таа не е досадна. Вистинската личност ве сака и почитува, таа не се обидува да ве смени во нешто што не можете да бидете.