Колку и да е жешко, не спијте со вклучен вентилатор, предупредуваат експертите

Иако високите температури не се пријател број еден на добриот и квалитетен сон, идејата да спиете покрај вклучен вентилатор воопшто не е добра. 

Експертот за спиење Марк Редик вели дека иако вентилаторот ја контролира температурата во просторијата, обезбедува циркулација на воздухот и произведува звуци, за кои се знае дека се смируваат, оваа идеја може да предизвика алергиски реакции.

-Во воздухот има многу прашина и полен, кој полесно влегува во вашите синуси со вентилатор. Оние кои страдаат од алергии, астма и поленска треска, секако би можеле да предизивикаат влошување на ситуацијата ако спијат покрај вклучениот вентилатор, тврди Редик.

Сувиот воздух произведен од вентилаторите исто така може да ја исуши кожата и грлото и да предизвика иритација на очите, особено кај луѓето кои носат леќи. Таквиот воздух може биде причина и за главоболки.

Поради студениот концентриран воздух, можете да се разбудите и со грчеви и напнатост во мускулите.

-Постојат начини да се разладите навечер без помош на вентилатор. Во текот на денот, затемнете ја просторијата, пијте поладна вода и избегнувајте алкохол и кофеин, користете памучни чаршафи и туширајте се со ладна вода, сугерира овој експерт.