Колку граѓани треба да бидат каснати од кучиња скитници за некоја институција да сака да го реши овој проблем?

Со години се влечка нерешен проблемот за кучињата скитници, кои како волци кои бранат територија, го попречуваат патот на скопјани. Надлежните институции одговорноста ја префрлаат едни на други, организациите за заштита на животните се гласни на социјалните мрежи, но каде е било кој за да донесе решение на овој постоечки, долгогодишен проблем на жителите на град Скопје?

Кучињата скитници ги има во сите општини, а веројатно и во секој агол на градот. Го поречуваат патот на минувачите, а ако се доволно гладни или бесни, нивен плен станува човекот. И доколку сме отворени кон вистини, тогаш овие кучиња не треба да бидат ниту агресивни, ниту жедни и гладни на толку високи температури, напротив, треба да бидат згрижени и сакани, но ние немаме шалтери ниту институции каде истите ќе бидат сместени.

Само вчера, во Скопје, беа каснати двајца. 

Кај кого треба да се жалат граѓаните и какво друго решение постои за овие кучиња да не завршат отруени на улица од револтираните жртви на нивните напади?