Колку е тешко да се СФАТИ дека СВАТИ е погрешно и дека не е ДЕЦКИ, туку ДЕТСКИ?

Понекогаш и луѓето со факултетска диплома, ги прават овие грешки. Грешки кои не ги “опростуваат” македонскиот јазик и правоспис.

Решивме да издвоиме неколку од грешките што најчесто ги сретнуваме и што речиси сите ги правиме и да посочиме како правилно се пишуваат.

- Една од фразите што најчесто се греши е „сѐ уште“. Сепак, сѐ уште има такви кои пишуваат „сеуште“ споено.

- Многумина пак, не знаат дека „незнае“ се пишува одвоено. Добар дел од нив „неможат“ да запамтат и дека правилно се пишува „не може“.

- „Кои“ и „кој“ многу пати погрешно се користат. Правилно е „кои“ да се користи за множина, а „кој“ за еднина.

- Колку ли е тешко да се сфати дека „свати“ е погрешно?

- „Така да“ е сврзник кој доаѓа од српскиот и хрватскиот јазик, така што ако сакате да пишувате македонски, правилниот сврзник што треба да го искористите е „така што“.

- Многу често се прават детски грешки со тоа што се пишува „децки“ или „прецедател“.

- Оние кои сакаат уште повеќе да го усовршат правописот можат да го купат во најблиската книжарница. Евтин е, а и учи дека е погрешно да се пишува „ефтин“.