Колку е лесно да се стигне до марихуана во Скопје?

Дневните извештаии на МВР се преполни со информации како младите скопјани се фатени со некаков вид на дрога во нив. Некои од нив се дилери, други помагаат во зделките, а трети само ги користат овие средства како метод на забава или бегство од реалноста. 

Според информациите од МВР, младите најмногу практикуваат да користат марихуана или кокаин. Тука важно е да се напомене дека е загрижувачки фактот што континуирано се зголемува бројот на малолетни и воопшто млади лица кои ги користат овие средства во нивниот секојдневен живот. 

Како и колку е ледно да се стигне до дрога во Скопје говори самиот факт што секој ден има барем по едно приведено лице кај кого е пронајдена марихуана, кокаин или друг вид на дрога.

Оваа константност е задржана и денеска.

Во извештајот на МВР, се наведува дека на ул.„Наум Охридски“ во Скопје, приведен е Л.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Дали грешката е во системот или во општеството во кое живееме е прашање кое мора да биде истражено, со цел во иднина да создадеме подобар свет во кој младите луѓе нема да имаат потреба да посегнуваат по дрога, а со тоа и по својот живот.