Дневните извештаии на МВР се преполни со информации како младите скопјани се фатени со некаков вид на дрога во нив. Некои од нив се дилери, други помагаат во зделките, а трети само ги користат овие средства како метод на забава или бегство од реалноста.
Според информациите од МВР, младите најмногу практикуваат да користат марихуана или кокаин. Тука важно е да се напомене дека е загрижувачки фактот што континуирано се зголемува бројот на малолетни и воопшто млади лица кои ги користат овие средства во нивниот секојдневен живот.
Како и колку е ледно да се стигне до дрога во Скопје говори самиот факт што секој ден има барем по едно приведено лице кај кого е пронајдена марихуана, кокаин или друг вид на дрога.
Оваа константност е задржана и денеска.
Во извештајот на МВР, се наведува дека на ул.„Наум Охридски“ во Скопје, приведен е Л.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Дали грешката е во системот или во општеството во кое живееме е прашање кое мора да биде истражено, со цел во иднина да создадеме подобар свет во кој младите луѓе нема да имаат потреба да посегнуваат по дрога, а со тоа и по својот живот.