Колку дилери има во Македонија? Полицијата овој пат уапси двајца

Полициски службеници на СВР Тетово од Одделението за внатрешни работи Гостивар, вчера,  на улицата  „Гоце Делчев“ во Гостивар привеле две лица меѓу кои еден бил дилер на дрога.

Според првичните информации, станува збор за лицата К.С.(52) и М.А.(60) од Гостивар, а при претрес на двајцата, полицијата кај К.С. пронашле  34 пакувања хероин.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе следуваат поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.