Девиците се познати како најорганизираните личности во хороскопот.
Photo by Vows on the Move on Unsplash
Тие се практични, рационални, но често и премногу аналитични.
Колку си одговараат со останатите хороскопски знаци?
Овен – 45%
Овие два хороскопски знаци имаат потенцијал да изградат успешна врска, ако успеат настрана да ги остават разликите. Потребен е компромис од двете страни, со оглед на тоа дека веројатно станува збор за личности кои сакаат различни нешта. Но, и двата знаци се посветени и детерминирани што може да стане нивна цел да поработат на врската заеднички и да изградат нешто солидно.
Бик – 85%
Ова се два земјени знаци, што значи дека постои огромна компатибилност. Станува збор за знаци кои ја ценат стабилноста и напорната работа, но би можеле само да се соочат со различни вредности и интереси. На оваа врска би и требало малку време, односно простор таа да се развива чекор по чекор. Двата знаци се практични и реални во љубовта, што може да им помогне да изградат силен љубовен однос.
Близнаци – 30%
Иако и двата знаци се аналитични и сакаат да водат интелектуални разговори, сепак би можеле да се соочат со предизвикот Девиците да станат премногу здодевни за Близнаците, а Близнаците да делуваат премногу нестабилно за Девиците. Девиците сакаат проверени нешта, а Близнаците постојано сакаат нешто ново што може исто така да ги замори Девиците. Но, со оглед на тоа дека Меркур е заедничката планета која владее со двата знаци, само со комуникација ќе може да се изгради добра и квалитетна врска.
Рак – 80%
Меѓу Девиците и Раковите постои голема поврзаност, како на интелектуално, така и на емоционално ниво. Компатибилноста меѓу овие два знаци е голема бидејќи на аналитичните Девици им е потребна чувствителноста и топлата страна на Раковите, а од друга страна Раковите ја ценат организираноста и посветеноста на Девиците. Раковите се личности со голем степен на емпатија што значи дека тие лесно би можеле да ги разберат Девиците и да бидат тука за нив, секогаш кога тие ќе имаат потреба да зборуваат за она што го чувствуваат.
Лав – 30%
Лавовите обожаваат да се во центарот на вниманието, што може да биде тешко остварливо во оваа врска бидејќи Девиците секогаш на прво место ја ставаат работата, а и да не е така, тешко би се носеле со драматичноста на Лавовите. Девиците би можеле постојано да се критични кон Лавовите, што може да создаде нервоза кај овој знак. За да успее оваа врска, ќе биде потребно да се прифатат двете страни онакви какви што се и на прво место да се стават сличностите и заедничките интереси.
Девица – 70%
Каква е комбинацијата меѓу двајца организирани перфекционисти? Иако постои голема компатибилност, важно е да се најде трпение еден за друг и да се заборави на потребата да се анализира секоја постапка и да се бараат недостатоци и грешки и онаму каде тие не постојат. Со оглед на тоа дека Девиците се силно интелигентни личности, тие би можеле да се спојат и да разговараат на различни теми, но треба да внимаваат на емоционалниот аспект во врската, бидејќи тоа е нешто што двете страни би се труделе да го избегнат по секоја цена.
Вага – 40%
Најголемиот проблем меѓу овие два знаци би бил во спалната соба, бидејќи вообичаено Девиците се резервирани, а Вагите се слатки и романтични. Затоа, важно е да се најде добар баланс во љубовниот однос. Освен тоа, можни се мали предизвици на полето на емоциите, бидејќи и двете страни би избегнувале да разговараат за нив, освен ако не мора. Единствениот начин на кој оваа врска би можела да успее ако и двете страни се подготвени да учат едни од други.
Шкорпија – 95%
Постои неверојатна кармичка поврзаност меѓу овие два знаци. Кога ќе направите комбинација меѓу земјен и воден знак, создавате неверојатна врска за цел живот. Шкорпиите се самоуверени, но мистериозни, што може да биде нешто што дефинитивно ќе ги привлече Девиците, а од друга страна Девиците се независни и свои, што е важно за Шкорпиите. Меѓу нив владее и огромна сексуална привлечност, па така, кога ќе ги стават разликите на страна, тие би можеле заедно да владеат со светот.
Стрелец – 25%
Што ќе се случи кога ќе споите огнен и земјен знак? Девиците се личности кои постојано се грижат за нешто и сакаат да се организирани, а од друга страна, Стрелците се најспонтаниот знак во хороскопот кој нема желба премногу да анализира и да навлегува длабоко. Од друга страна, Стрелците се диви и независни во постојана потрага по нови нешта, а за Девиците тоа би можело да биде премногу.
Јарец – 80%
Јарците и Девиците имаат потенцијал да бидат добри пријатели, но и одлични љубовници. Станува збор за два земјени знаци, кои точно знаат што сакаат во животот, кои се стабилни и лојални. Единствен предизвик е сексуалниот аспект, бидејќи и двата знаци се резервирани, па така,ќе им биде потребно малку време да се опуштат во спалната соба.
Водолија – 25%
Генерално, овие знаци би можеле добро да функционираат како пријатели, но потребен е поголем напор кога станува збор за љубовта. Вистинска љубов е можна само доколку Водолиите можат да го прифатат претераното размислување и аналитичност на Девиците, а Девиците да разберат дека Водолиите се спонтани личности на кои не им треба план и организација во животот. Нивната компатибилност е прилично ниска, но добро е тоа што во ваквиот однос владее големо ниво на доверба, што може да биде добра основа за понатамошен компромис.
Риби – 80%
Тука станува збор за огромна компатибилност без оглед на тоа што станува збор за сосема различни карактери. Рибите се идеалисти кои ги ставаат своите чувства на тацна за другите, а Девиците се практични и внимателни. Но, со добро разбирање и силната сексуална привлечност која постои, ова би можело да биде врска од соништата. Само, комуникацијата е клучна за успех.