Колку чини месечна кирија за дуќан на атрактивна локација во Скопје?

Од 12 до 40 евра за квадрат месечно, се движат цените за дуќан во Скопје сити мол, трговскиот центар Рамстор, Веро центар и Капитол мол кои се сметаат за атрактивни трговските центри за издавање канцелариски простор.

Цената на канцелариски простории на атрактивна локација низ градот варира од 15 евра до 30 евра во зависност од локацијата и квалитетот на деловниот простор.

За дуќан со површина до 150 квадратни метри во строгиот центар на градот се бара месечна наемнина до 40 евра за квадрат. Додека пак за дуќан со иста големина, киријата во Аеродром изнесува од 9 до 15 евра за квадрат, а во Карпош цената се движи од 10 до 23 евра за квадратен метар.

Закупнината за канцеларии се движи во опсег од 7 до 16 евра за квадрат месечно, а за продавници од 9 па до 40 евра за квадрат во зависност од атрактивноста на локацијата и квалитетот на објектот.

Скопските агенциите за недвижности велат дека на пазарот за деловен простор наменет за продавници и трговски објекти најбарани се покриените трговски центри, кои учествуваат со 62 отсто во вкупните закупнини, потоа следуваат реонските трговски центри со 31 отсто, а на крај се маалските продавници со учество од 7 отсто.