Колку чинат еднодневните тури за капење на море сезонава?

Летната сеозна е во полн ек!

За Македонците и натаму најпопуларни дестинации за летување се Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Египед, Турција, додека оние со подлабок џеб се одлучуваат за некоја егзотична дестинација како Малдивите, Занзибар, Мексико, Шпанија каде аранжманите се движат над 1.000 евра.

Во последниве години се поактуелни се и понудите за еднодневно капење.

Туристичките агенции најчесто нудат еднодневни тури до Грција, Албанија и Црна Гора за каде цените се движат од 1000 до 2000 денари.

Поевтини се аранжманите за соседна Албанија, додека за еднодневно капење во Грција ќе мора да одвоите над 20 евра и тоа само за превоз. 

Тргнувањето е во раните утрински часови, а враќањето назад вечерта. Во цената е вклучен превозот со придружба.

Еднодневна посета на Шенѓин или Валона во Албанија ќе ве чини околу 1000 денари, зависно од агенцијата и терминот за кој ќе се одлучите, додека еднодневно капење за едно лице на плажа по избор во Грција ( Сани Бич, Неа Потидеа, Калитеа, Полихроно, Ханиоти, Пефкохори) чини околу 1300 денари.