
Одлична идеја за зимските денови доколку сте во Скопје е да го посетите лизгалиштето при Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Новата сезона стартуваше со ново осветлување, перфектен мраз и освежен визуелен изглед, а на авантурите на мраз најмногу им се радуваат најмалите и младите.
Цените за рекреативно лизгање на мраз сезонава изнесуваат 400 денари за еден час, а во цената е вклучено и изнајмувањето на лзигалки. За лизгање со сопствени лизгалки цената е 300 денари по час.