Колку често среќните двојки водат љубов?

Ако сметате дека двојките што не ги симнуваат рацете едни од други се посреќни од вас и вашиот партнер, големи се шансите да се лажете.

Едно истражување откри колку често е потребно да се води љубов за да имате здрава врска или брак. Испитувањето било спроведено врз повеќе од 30.000 лица во последните 40 години, чии резултати се објавувани во стручното американско списание „Social Psychological and Personality Science“.

Тема на истражувањето била интимноста меѓу партнерите, односно во колкава мера сексуалниот однос е поврзан со нивната среќа, задоволство и врската воопшто.

Имено, истражувањето потврдило дека двојките што водат љубов еднаш неделно се многу посреќни и позадоволни од оние што тоа го прават почесто или пак од оние што имаат секс два пати месечно или поретко.

Задоволството во врската било споредено и со парите, односно со приливот на финансии во семејството, што покажало како повеќе пари во домот предизвикуваат подобро расположение и среќа, а носат помалку задоволство од она што го предизвикува редовниот секс.