Колку часа ни се потребни за да станеме најдобри пријатели со некоја личност?

Потребно е време за да се изгради пријателство со некоја личност. Колку повеќе минуваме заедно, толку поголема е можноста да станеме пријатели. Но, колку часа се потребни за да од познаници станеме добри пријатели, и од пријатели да станеме најдобри пријатели?

За прв пат на овие прашања, одговор се обидело да даде истражувањето спровредено на универзитетот Канзас од страна на професорот по комуникации Џефри Хал.

Од претходно знаееме дека нашиот мозок има ограничувања во однос на тоа колкав број на луѓе може да ги смести во различните категории: познаници, пријатели и добри пријатели. Еволуцискиот психолог од Оксфорд, Робин Данбер открил дека човечкиот мозок може да владее со бројка од 150 значајни врски во овие категории.

Други психолози пак, посочуваат дека имаме 5 луѓе со кои сме најблиски, околу 15 нарекуваме добри пријатели, а околу 50 луѓе сметаме дека ни се пријатели.

Но, ниту едно истражување не се обидело да даде одговор на прашањето колку време ни е потребно за да станеме пријатели со некого. Во истражувањето на Хал биле вклучени околу 355 возрасни кои во изминатите 6 месеци се преселиле во нов град. Биле анализирани нивните познанства, каде се запознале, колку време поминале со тие луѓе. Потоа, тие луѓе тие ги ставале на скалата од познаник до најдобар пријател. Вториот дел од истражувањето опфатил 122 студенти од универзитетот во Канзас.

Резултатите покажале дека времето поминато со некоја личност всушност ја одредува цврстината на пријателството. Било покажано дека ни се потребни 50 часа интеракција за да станеме од познаници во пријатели и 90 часа тоа пријателство да стане поцврсто. Сепак, за да се наречеме најдобри пријатели потребни ни се околу 200 часа заедно.

Хал исткакнува дрка сепак физичката близина и часовите поминати заедно не гарантираат дека двете личности ќе се спријателат и дека постојат исклучоци од овие резултати. Тоа значи дека на блискоста меѓу две личности влијае и тоа како го минуваат времето и за што разговаараат. Хал вели дека доколку времето го минувате во шеги и важни разговори, тоа го забрзува развојот на пријателството.