Колкава моќ им давате на туѓите зборови?

Потребна е одредена количина искуство во животот и силен карактер за човек да знае да се носи со она што другите му го зборуваат.

Она што го зборуваме и им го правиме на другите се одразува и на нас и може да ни се врати како бумеранг, особено ако е негативно. Но, дали и ние имаме одговорност за тоа како некој друг ќе се носи со конструктивни и деструктивни критики и чувства?

На нас останува да дадеме сѐ од себе, да се однесуваме онака како што сакаме да се однесуваат со нас. Секој од нас има одговорност за тоа како ќе ги прими туѓите зборови, дела или критики. Мене не може никој да ме увери во тоа дека не вредам, дека не сум доволно добра доколку јас не му го допуштам тоа. Не може некој да ми каже дека правам нешто погрешно и дека неговиот начин е подобар од мојот.

Зошто и понатаму се грижите за тоа што другите ќе кажат? А од друга страна, зошто некои луѓе имаат постојана потреба да коментираат сѐ што се случува или сѐ што прават другите? Зошто сметаат дека се поспособни, повозвишени или подобри од останатите? Зошто не научат да замолчат?

Затоа што очигледно никој не им кажал да замолчат на доволно јасен начин. Никој не им рекол дека она што го мислат и зборуваат за другите е нивно црнило. Никој не им кажал дека сосема е нивен проблем и комплекс фактот што не одобруваат ништо на светот и не го сметаат за доволно добро.

Доколно навистина никој јасно не им покажал дека нивното мислење е сосема неважно за нечиј опстанок, нормално дека и натаму ќе се сметаат себеси за „одбрани“ да ги шират своите мудрости (читај: глупости, комплекси) и со својата негативност да гушат други луѓе.

Да земеме пет различни луѓе и да ги ставиме во една просторија. Еден од нив нека биде гласна и суетна личност полна со самодоверба, уверена дека може сѐ, постојано нагласувајќи ја сопствената способност. Потоа, да ја земеме целосната спротивност, личност која се плаши од сопствената сенка, која и понатаму слепо верува на она што другите го презентираат како универзална вистина. Личност која никогаш не направила нешто мислејќи со сопствената глава.

Третата личност е личноста која е како ветар. Малку оди на една, малку на друга страна. Еден ден има свое јас, следниот ден има туѓо „јас“, но оваа личност не се замара многу за туѓото мислење за нејзината флегматичност и променливост. Во оваа соба додајте и уште една личност, личност која е свесна за себе, која цел живот се бори и води по некој свој систем и принципи и има свое цврсто јас. И на крајот, додајте уште една личност, човек кој е исклучително наметлив, а не само егоцентричен, туку и полн со лажна мудрост и енергетски напорен.

Што мислите, кој првп ќе попушти под притисокот? Дали сите ќе станат нервозни и ќе почнат да се караат затоа што се чувствуваат беспомошно и помалку вредно? Дали ќе може човек кој се има себеси да успее во тоа да ја отфрли негативната енергија и да го оттргне фокусот од негативните зборови? Дали моќта за убедување на егоцентрикот е толку силна што би можела да го убеди и човекот со силно свое јас дека неговото мислење е поправилно?

Оној кој е гласен и ја нагласува својата способност, најверојатно ќе се бори со егоцентрикот за надмоќ. Од силната бучава нема ни да го слуша мислењето на оној кој има свое јас. Оној кој се плаши и од својата сенка уште повеќе ќе се сокрие во себе и ќе го прифати мислењето на оној кој ќе победи во „двобојот“. Оној кој е променлив и флегматичен ќе се приклучи на кој било, чисто заради мир во куќа, затоа што никој не го ни избира него. А оној кој навистина има свое јас?  Никој нема да го увери дека неговиот пат не е исправен. Личноста која е свесна за себе и комплексносите на другите ќе знае да се носи со тешки карактери, но и со оние кои се непотполни.

Ако јас одлучам дека таа средба нема да ме вознемири, тогаш нема да ме вознемири. Ако јас ги отфрлам тие егоцентрични зборови и лоши обиди за убедување, тие нема да ја постигнат својата цел. Јас знам дека личноста која арогантно се наметнува себеси во прв план обично е и најнесреќна и длабоко незадоволна личност. Овој тип на луѓе можат врз себе да нафрлат каква сакаат наметка од среќа и успех, но неуспехот и тага јасно се чита од нивната душа, а и во нивните очи. И не, не мора да зборуваат нешто против другите, доволно е да слушате како зборуваат за себе.

Личноста која е исклучително наметлива, која секогаш ја тера водата на својата воденица, со своите постапки всушност докажува дека никогаш и не успеала да ја истера водата на своја воденица. Никогаш немала контрола над себе, ниту над својот живот, а ниту пак над другите. А тоа е личност која највеќе копнее по тоа да ги контролира другите. Личноста која е длабоко несреќна не си дозволува да го сфати она што е многу едноставно за сфаќање: Немаме контрола над другите, немаме контрола над случувањата. Мораме да научиме да го земеме животот во свои раце и да имаме контрола над своите мисли и постапки.

Не, тоа не е лесен процес. Да, цел свет ќе си го свртите наопаку, 100 пати ќе паднете додека да сфатите нешто и да научите дека немаме контрола над другите, само над себе и своите постапки. Можеме да одлучиме дали ќе им дозволиме на другите да нѐ вознемируваат со својот бес, сомнежи, досадување, проблеми и негативност.

Мораме да сфатиме дека секој лош збор или критика не значи дека нешто не е во ред со нас. Најпрво видете од кого доаѓа таа критика. Потоа анализирајте се себеси и своите постапки и ќе научите да разликувате вистинските критики од оние негативни коментари кои ви се упатени само за да ве фрлат на дно.

Позитивно вибрирајте, заменете ја негативноста со сонце, убав гест, добра книга, медитација, музика. Пејте на цел глас, со душа, со срце, со усните. Танцувајте со секоја пора од вашето битие. Уклучете се кога ви одговара, кога сте опкружени со позитивни луѓе кои го извлекуваат најдоброто од вас. Исклучете се кога ви е лошо. Исклучете се кога сте опкружени со негативни луѓе кои сакаат да ве обесхрабрат, наместо да ве подигнат. Исклучете се кога ви велат дека не можете. Или научете како да им кажете да замолчат. Научете да им покажувате дека нивните зборови не допираат ниту до вашето уво, ниту пак до вашиот ум.

Мислете позитивно и прифаќајте го само позитивното. Сите понекогаш имаме негативна енергија, но важно е да учиме како да пружаме отпор и да гледаме и на негативното како некаква поука и лекција.

Вие имате моќ, го знаете тоа. Длабоко во себе сте свесни дека сте единствен креатор на својот живот. Вие ги бирате луѓето кои влегуваат во вашиот живот. Затоа, понесете ја и одговорноста за сопствените зборови, трудете се и тие да бидат позитивни како и вашите мисли.

И луѓе, не се давајте. Не дозволувајте да ве рушат оние кои не ве ни граделе. Не дозволувајте да ве обесхрабруваат оние кои не го кренале ни сидрото од својот мирен брег. Не дозволувајте да ве убедуваат во тоа дека вашиот пат не е правилен.

Тие не можат да бидат она што сте вие. Не можете да ги промените, затоа што таа внатрешна промена не може да се случи со форсирање. Но, можете да се промените себеси и да не дозволите да ви го крадат мирот и спокојот.

Вие имате моќ да ги претворите критиките во гориво кое ќе ве турка напред. Вашите зборови нека сјаат, исто како и вашата иднина.

Имајте свој мал свет во кој позитивните мисли ги претворате во креативни и убави дела. Тогаш ќе настане и потполна преобразба и ќе сфатите што значи да има мир.