Колкав е процентот на заразени во Србија, по примена бустер-доза?

Медицинскиот факултет во Крагујевац спроведе истражување за процентот на заразени кои примиле трета доза. 

Според нивните податоци, само два отсто од оние кои примиле бустер-доза се заразиле со коронавирус, во периодот од 1 јули до 1 октомври. Податоците се исто така вкрстени и споредени со она што го имаат здравствените институции, за да се донесе поконкретен заклучок. 

Од друга страна, околу 64% од заболените не биле вакцинирани со ниту една доза вакцина. 

Во Србија и понатаму е доминантен делта-сојот, како и речиси во целиот регион.