Коледарски оган на игралиштето во Влае

Традиционално и годинава Општина Карпош ќе организира прослава на Бадник.

Како и до сега, собирот ќе се одржи на спортското игралиште во Влае со почеток во 19.30 часот. Општинарите најавуваат дека и годинава покрај бадниковиот оган на присутните ќе им делат лепчиња, бадникови гранчиња, топли напивки...